Како да се пријавите за курс

  1. Формуларот за пријавување можете да го најдете во Распоредот на курсеви, во колумната за пријави.
  2. Ве молиме внимателно да го прочитате воведот во техниката и кодексот на дисциплина кои ќе треба да ги почитувате во текот на курсот.
  3. Во целост пополнете ги сите делови на пријавата и испратете ја на мејлот посочен подолу. Пријава се пополнува за регистрирање на сите курсеви.
  4. Чекајте потврда. Целата преписка ќе биде преку мејл. Заради големиот број пријави, може да се случи да поминат до две недели пред да ја добиете потврдата.
  5. Доколку вашата пријава е прифатена, ќе треба да потврдите дека ќе присуствувате на курсот за да се зачува место за вас на истиот.

 

Сите десетодневни курсеви почнуваат вечерта на првиот ден и завршуваат рано наутро последниот (11ти) ден. За да се пријавите за курс, ве молиме одберете го соодветниот датум во распоредот на курсеви подолу.

Календар на курсеви 2018

Датум

вид на курс

статус

коментари

јазик

пријава

21 октомври –
1 ноември

10 дена

мажи – отворено
жени - отворено

за нови и поранешни студенти

англиски, македонски и српски

Пријавувањето е завршено

Поранешни курсеви

Календар на курсеви 2011

Датум

вид на курс

статус

коментари

јазик

пријава

21 април –
2 мај

10 дена

мажи – отворено
жени - отворено

за нови и поранешни студенти

само англиски

завршено

 

Доколку сакате да се пријавите, потребно е да се најавите на сајтот по 22 август 2018г, кога ќе започне процесот на пријавување (онлајн). Можете да се пријавите како учесник или како машки/женски помошник.

Курсевите се организираат единствено врз основа на донации. За курсевите не се наплаќа, дури ни да се покријат трошоците за исхрана и сместување. Сите трошоци се покриени со донации од оние кои претходно го завршиле курсот, ги искусиле придобивките од Випасана и кои сакаат да им ја овозможат и на други истата можност. Ниту учителот ниту помошниците на учителите не добиваат финансиски надоместок; тие и оние кои ги организираат курсевите го волонтираат своето време. На овој начин Випасана се нуди без да се комерцијализира.
 

Десетодневните курсеви се воведни курсеви во Випасана медитацијата каде техниката се подучува чекор по чекор секој ден. Курсевите почнуваат после периодот на регистрација и ориентација од 14-16 часот, по што следуваат цели десет дена медитација, и завршува со утрото на единаесетиот ден во 7.30 часот.
 


За дополнителни информации и регистрација:

[email protected]

[email protected]

 

Курсеви во Европа и остатокот од светот

Има осум центри за Випасана медитација во Европа: во Германија, Англија, Белгија, Франција, Шпанија, Швајцарија, Италија и Шведска, каде курсевите редовно се одржуваат двапати месечно. Во другите европски земји каде нема центри, како на пример Македонија, курсевите се организираат во изнајмени простори неколкупати годишно. Без разлика во која земја во светот се организираат курсевите, тие секаде изгледаат исто, ги следат истите правила и се одржуваат на англиски јазик и на локалниот јазик на земјата.

Курсеви во светот