Прашања и одговори поврзани со техниката на випассана медитација

Зошто курсот трае десет дена?

Всушност, десет дена е минималната должина на курсот со која се обезбедува вовед и основи на техниката. За да се втемелите во праксата потребно е подолго време. Искуствата од повеќе генерации покажуваат дека доколку випассана се учи во периоди пократки од десет дена, студентот не го добива потребното искуствено разбирање на техниката. Традиционално, випассана била предавана на курсеви кои траеле седум недели. На почетокот на 20тиот век учителите од оваа традиција почнале да експериментираат со пократки курсеви кои соодветсвувале со забрзаното темпо на живот. Се обиделе со триесет дена, две недели, десет дена, се’ до седум дена и воочиле дека десет дена е минимално потребно време за умот да се смири и да се работи подлабоко со феноменот ум-тело. 

Колку часови дневно ќе медитирам?

Денот почнува во 4 часот наутро со гонг за будење и трае сè до 9 часот навечер. Во текот на денот ќе медитирате околу 10 часа кои се одделени со редовни паузи и периоди за одмор. Секоја вечер, во 7 часот има видео предавање од учителот С.Н. Гоенка со кое на медитантите им се овозможува контекстуализација на искуствата стекнати во текот на денот. Овој распоред со децении се покажува како практичен и корисен за стотици илјади луѓе. 

Кој јазик се користи на курсот?

Учењето се пренесува преку снимки од С.Н Гоенка кој говори на англиски или хинди проследено со превод на локалниот јазик. Постојат снимени преводи на скоро сите поголеми светски јазици, вклучувајќи го и англискиот. Доколку учителите кои го изведуваат курсот не го говорат локалниот јазик, тогаш ќе има преведувачи кои ќе помогнат. Во С.Македонија се користат снимки на англиски и српски јазик. Вообичаено јазикот не е бариера за некој што сака да го посети курсот. 

Колку чини курсот?

Секој студент кој што посетува курс по випассана го добива курсот како подарок од некој претходен студент. Не се наплаќа ни учењето, ни сместувањето, ниту храната. Сите курсеви по випассана низ целиот свет се организираат исклучиво на волонтерска основа. На крајот на курсот, доколку искуството ви е од корист, добредојдени сте да донирате средства за следниот курс во согласност со вашите желби и можности.

Колкава надокнада примаат учителите за оддржувањето на курсот?

Учителите на добиваат никаква надокнада, донација или било каква материјална награда. Тие треба да имаат свои приватни средства за живот. Ова правило значи дека некои од нив може да имаат помалку време за предавање на техниката но тоа ги штити студентите од експлоатација и штити од комерцијализација. Во оваа традиција, учителите ја пренесуваат випассана исклучиво во форма на служба кон другите. Сé што добиваат за возврат е задоволството гледајќи ја среќата на луѓето на крајот од десетте дена.

Не можам да седам со скрстени нозе. Дали сепак ќе може да медитирам?

Секако. На курсевите има обезбедено столчиња за оние кои не се во можност да седат на под заради старост или некаков физички проблем.

На специјална диета сум. Ќе може ли да си донесам храна?

Доколку имате посебна диета пропишана од лекар, известете не и ние ќе се обидеме да ви обезбедиме тоа што ви е потребно. Доколку диетета ви е премногу специфична или може да влијае на медитацијата, можно е да ве замолиме да почекате додека не станете пофлексибилни со исхраната. За жал од студентите се бара да изберат од храната која им е понудена а не да донесат храна за себе. Повеќето од студентите изјавуваат дека има доста избор и уживаат во едноставната вегетаријанска кујна.

Може ли трудници да го посетуваат курсот? Има ли посебни аранжмани или инструкции за нив?

Трудниците се добредојдени на курсот и доста жени доаѓаат специјално во време на бременост користејќи ја можноста да работат длабоко и во тишина во ова, за нив посебно време. Ние бараме од нив да се осигураат во стабилноста на својата бременост пред да аплицираат. За нив обезбедуваме дополнителна храна која им е потребна и бараме од нов да работат на релаксиран начин.

Зошто курсот се одржува во тишина?

Сите студенти кои го посетуваат курсот одржуваат „благородна тишина“ - тоа значи, тишина на телото, говорот и умот. Тие се согласуваат да се воздржат од комуникација со другите ко-медитанти но можат да контактираат со организаторите во врска со нивните материјални потреби и да разговараат со учителите.

Тишината се почитува целосно во првите девет дена. Зборувањето повторно е дозволено на десеттиот ден заради постепено враќање на нормалното секојдневие. Тајната на успехот на овој курс е во континуитетот на праксата; тишината е суштинска компонента во одржувањето на овај континуитет.

Како може да бидам сигурен/на дека сум способен/на да медитирам?

Медитацијата (вклучувајќи ја и „благородната тишина“) не е тешка за личност со нормално психичко и ментално здравје доколку е искрено заинтересирана и спремна за вистински обид. Доколку сте во можност да ги следите инструкциите трпеливо и вредно, сигурно ќе имате видливи резултати. Иако дневниот распоред може да изгледа застршувачки, тој не е ниту премногу строг ниту премногу релаксиран. Присуството на други студенти кои медитираат вредно во мирна и погодна атмосфера дава огромна поддршка на сечии напори.

Дали некои луѓе не треба да го посетуваат курсот?

Лицето кое е физички преслабо да го издржи распоредот очигледно не би можело да има корист од курсот.  Истото важи и за лицата кои страдаат од психијатриски проблеми или се во фаза на голем емотивен пресврт. Низ процес на прашања и одговори ќе можеме да ви помогнеме навремено и јасно да одлучите дали сте во позиција во која ќе може да ги добиете сите придобивки од курсот. Во некои случаеви од кандидатите се бара да добијат дозвола од својот доктор пред да бидат прифатени како учесници.

Дали со випассана може да се излечат физички или ментални заболувања?

Многу заболувања се резултат на нашата внатрешна борба.  Кога борбата ќе се отстрани, болеста може да се ублажи или да исчезне.  Меѓутоа, да се учи випассана со намера за да се излечи некоја болест е погрешно и не е плодотворно. Лицата кои се обидуваат да го постигнат ова си го губат времето затоа што се фокусирани на погрешна цел. Тие дури можат и да си наштетат и ниту ќе ја разберат медитацијата како што треба, ниту ќе успеат да ја излечат болеста.

А депресијата? Дали таа може да се излечи со випассана?

Повторно, целта на випассана не е лечење на болести. Лицето што стварно практикува випассана научува да биде среќно и урамнотежено во сите околности. Но, лице со историја на тешка депресија можеби нема да е во стостојба правилно да ја примени техниката и може да не ги добие посакуваните резултати. Тоа лице најдобро е да работи со професионален терапевт. Учителите по випассана се експерти за медитација, не се психотерапевти.

Дали випассана може да предизвика ментална нестабилност кај луѓето?

Не. Випассана не учи да бидеме свесни и мирнодушни, односно урамнотежени и покрај сите подеми и падови во животот. Меѓутоа, доколку некој дојде на курс прикривајќи сериозни емотивни проблеми, тогаш тој може да не ја разбере техниката или пак да не може адекватно да ја примени за да ги добие посакуваните резултати. За да може да оцениме дали курсот ќе ви биде од полза, важно е да ја споделите со нас вашата историја.

Дали треба да сум будист/ка за да практикувам випассана?

Луѓе од многу религии или без религија сметаат дека курсот е корисен и полезен. Випасана е уметност на живеење, начин на живот. Иако во нејзината суштина е учењето на Буда, таа не е религија, таа е негување на хумани вредности кои водат кон живот кој е добар за себе и за другите.

Зошто треба да останам сите десет дена?

Випассана се учи чекор по чекор, со додавање на нов чекор секој ден сè до крајот на курсот. Доколку си заминете порано нема да ja научите техниката целосно и нема да и дадете шанса да работи за вас. Исто, медитирајќи интензивно, учесниците на курсот иницираат процес кој достигнува фаза на исполнување со завршувањето на курсот. Не се препорачува прекинување на овој процес.

Дали е опсано ако се напушти курсот предвремено?

Со раното заминување всушност вие самите си ја скратувате можноста да ја научите техниката целосно. Доколку не ја научите техниката целосно, нема да можете успешно да ја примените во секојдневниот живот. Исто така, наместо да дозволите процесот да заврши со правилен заклучок, вие ќе го прекинете во средина. За да стигнете дома еден или два дена порано вие ќе го жртвувате сето време кое до тогаш сте го инвестирале.

Дали може да си одам на десеттиот ден, кога е дозволено зборување и завршува сериозната медитација?

Десеттиот ден е многу важен за транзицијата кон секојдневниот живот. Никому не му е дозволено да си оди тој ден.