Випассана, што значи да се видат работите онакви какви што навистина се е една од најстарите техники за медитација присутни во Индија. Била изучувана пред повеќе од 2500 години како универзален лек за универзални проблеми, т.е. како еден вид уметност на живеење. За оние кои не се запознаени со випассана медитација, достапни се одговори на често поставувани прашања.
Техниката на випассана медитација се учи на десетдневни курсеви за време на кои учесниците ги учат основите на методот и вежбаат онолку колку што е потребно за да ги искусат неговите корисни резултати. Не е потребно претходно искуство со медитација. За учество на курс може да аплицирате откако ќе го разгледате кодексот на дисциплина на випассана курсевите и ќе го проверите распоредот на курсеви.
Во Северна Македонија обично се организира еден 10-дневен курс годишно. Бидејќи во земјата нема випассана центар, курсевите се одржуваат на различни локации. Информации за датумите и локациите на курсевите може да се најдат на страницата за распоред на курсеви. Ве молиме посетете ја оваа страница за да добиете ажурирани информации или пишете на [email protected]. За информации за курсевите во други делови од светот, посетете ја www.dhamma.org.
Курсевите се одржуваат исклучиво на основа на донации. Курсевите се бесплатни, не се наплаќа дури ни за покривање на трошоците за храна и сместување. Сите трошоци се покриваат со донации од оние кои веќе завршиле курс, ги искусиле придобивките од випассана и сакаат да им ја овозможат истата можност и на други. Ниту учителот ниту помошниците не добиваат паричен надоместок. Тие и оние кои ги организираат курсевите волонтираат и доброволно даруваат дел од своето време.